Хари е повторно дома со Дарслиеви. Ова лето е како секое лето за Хари досадно и полно со надежи дека наредната учебна година ќе биде прекрасна. Ова лето може да се каже е едно од најлошите лета досега за Хари. Вернон и Петунија му забрануваат на Хари воопшто да ги извади волшебното стапче, метлата и книгите. Хари сè повеќе губи надеж кога гледа дека неговите најдобри пријатели Рон и Хермиона сѐ уште му немаат пратено писмо. Но токму на неговиот дванаесетти роденден Хари добива неочекувана посета. Доби едно куќно џуџе го посетува Хари и му забранува да се врати во Хогвортс. Доби му признава дека тој ги криел писмата од Рон и Хермиона цело лето. Хари повторно е полн со надеж но бара начин да го избрка Доби. Откако Доби ќе направи еден инцидент во куќата на Хари со помош на магија, Хари добива писмо од министерството за магии дека ако уште еднаш употреби магија ќе биде избркан од Хогвартс. Со ова Петунија и Вернон веќе немаат страв дека Хари ќе им направи нешто со помош на магија и му ставаат решетки на прозорците да не може да бега. Но една вечер другарот на Хари со помош на летачката кола на татко му доаѓа на прозорецот на Хари и го спасува Хари.