Хари Потер и Каменот на мудроста (англиски: Harry Potter and the Philosopher's Stone) е првиот роман од Хари Потер серијалот напишан од Џ. К. Роулинг и го прикажува Хари Потер, млад волшебник. Опишува како Хари открива дека е волшебник, се здобива со неколку пријатели и непријатели во Хогвортс училиштето за магии и волшебништво и со помош на своите пријатели го спречува повраќањето на лошиот волшебник Волдеморт, кој ги убил родителите на Хари, а се обидел да го убие и Хари кога тој имал само една година.